Contact Македонски
Shqip
English
HomeМакедонска верзија

Земјоделски кредити

КРИТЕРИУМИ ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ ПРЕКУ ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТЕН ДИСКОНТЕН ФОНД ( ЗКДФ)

ЦЕЛНА ГРУПА ЗА КРЕДИТИРАЊЕ

  • Носители на земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање за упис во Единствен регистар на земјоделски стопанства.
  • Мали и средни друштва кои се занимаваат со примарно земјоделско производство, преработка на земјоделски производи како и со трговија на примарни земјоделски производи наменети за извоз.                      

КРЕДИТНИ КАТЕГОРИИ

КРЕДИТИ ЗА ПРИМАРНО ЗЕМЈОДЕЛСКО  ПРОИЗВОДСТВО

1. Pастително производство и тоа: полјоделство, овоштарство, лозарство, семенарство, сточарство, како и основните средства во примарно земјоделие: исклучиво нова земјоделска и приклучна механизација, опрема, алати, земјиште и др.;

2. Износ на кредитот од 3.000 - 100.000 евра;

3. Годишна каматна стапка од 4%;

4. Рок на враќање до 7 години со грејс период од 3 години во зависност од намената;

5. Обезбедување - со жиранти, хипотека, залог на опрема и др.;

6. Намена – Кредитот е наменски. Се плаќа приложена фaктура од добавувачот (за набавка на основни или обртни средства).


КРЕДИТИ ЗА ПРЕРАБОТКА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

1. Се финансира набавка на основни средства: (опрема, капацитети за преработка на овошје, зеленчук, млеко, пченица, месо, грозје, печурки и друго), како и обртни средства за откуп на земјоделски производи. Потребен минимум за откуп на домашното производство и за  набавка на компоненети за добиточна храна е 70%;

2. Износ на кредитот од 10.000 - 200.000 евра;

3. Годишна каматна стапка од 5%;

4. Рок на враќање до 6 години со грејс период од 1 година во зависност од намената;

5. Обезбедување – со жиранти, хипотека, залог на опрема и др.;

6. Намена – Кредитот е наменски. Се плаќа приложена фaктура од добавувачот (за набавка на основни или обртни средства).


КРЕДИТИ ЗА ИЗВОЗ НА ПРИМАРНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

1. Се финансира набавка на основни средства за трговија со примарни земјоделски производи наменети за извоз како што се: разладни уреди, машини за калибрирање и пакување или обртни средства за откуп на земјоделски производи;

2. Износ на кредитот од 20.000 - 200.000 евра;

3. Рок на враќање до 5 години со 1 година грејс период;

4. Годишна каматна стапка од 5%;

5. Обезбедување - хипотека, залог на опрема и др.;

6. Намена – Кредитот е наменски. Се плаќа приложена фaктура од добавувачот (за набавка на основни или обртни средства).

Брошура - прва страна
Брошура - втора страна

EXCHANGE RATES
no. 65380 for: 03.09.2010
Менувачко работењеДевизен пазар
КуповенПродаженКуповенПродажен
EUR61,3061,7061,3561,67
USD47,3048,6547,3548,60
GBP73,2074,7073,2574,65
CHF46,9548,2547,0048,20
SEK6,526,726,536,71
NOK7,717,917,727,79
JPY56,2557,6556,3057,60
DKK8,168,368,178,35
CAD44,9046,2544,9546,20
AUD42,9044,2042,9544,15
CREDIT CALCULATOR
Amount (MKD, EUR):
Number of monthly payments:
Rate of interest:  %
 
Sitemap Powered by Nextsense webBuilder